Свет 02. април 2020. / 19:30

Корона вирусот причина за полициски час во Мека и Медина

Корона вирусот причина за полициски час во Мека и Медина

Саудиска Арабија воведе 24-часовен полициски час во светите градови Мека и Медина, откако бројот на заболени од корона вирус се искачи на 1.700 луѓе од кои 16 се починати.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека исклучок од неработење се основните услуги, продавниците за храна и медицинските установи.

Државата, со 30 милиони жители, презеде драстични мерки за борба против болеста, ги прекина сите меѓународни летови, ги затвори повеќето јавни места и забранети аџилак.

Властите ги повикаа муслиманите ширум светот да го одложат пристигнувањето на годишниот Аџилак за некои подобри периоди.

Саудиска Арабија има најмногу заразени и починати од Ковид-19 од сите членови на Советот за соработка во Заливот.