Свет 16. март 2020. / 20:42

Корона вирусот го сврте светот наопаку: Сиромашните земји креваат бариери за богатите

Корона вирусот го сврте светот наопаку: Сиромашните земји креваат бариери за богатите

Држави чиишто граѓани вообичаено добиваат забрани да патуваат, сега ги затвораат своите граници за патници. Мексико размислува да ограничи влез на американски државјани, а неколку африкански држави им забрануваат влез на Европејците.

Анализа на португалски „Публико“

Африкански држави што воведоа најрестриктивни мерки за патниците се Гана и Кенија, во време кога ширењето на корона вирусот ги изместува правилата што порано беа пречки за патување, Овојпат, државите што нормално се во улога да гледаат како нивните дрѓавјани се спречени да патуваат, се во улога да одбиваат влез на патници кај нив.

Во неделата, Гана соопшти дека повеќе нема да дозволува влез на луѓе од земји со повеќе од 200 случаи на Ковид-19, што е случај со 17 европски држави, а притоа го задржува правилото за задолжителен 15-дневен карантин за секој што ќе добие дозвола да влезе во земјата. Од своја страна, Кенија не дозволува влез за никого што бил во некоја земја каде што има забележено слулаи на корона вирус, освен на сопствените државјани, коишто, сепак, ќе мора да минат 14 дена во карантин.

Мексико, исто така, размислува да ја затвори границата со САД за да спречи ширење на корона вирусот. Албанија објави дека ја затворила границата со Грција. Голем број африкански земји го ограничија влезот за државјани на голем број европски држави. Мадрид и Рабат договорија рестрикции, но само за Шпанците да не можат да патуваат во Мароко.

Откако американскиот претседател инсистираше дека сака да изгради ѕид кон Мексико, фактот што таа мерка би можела да биде во интерес на американскиот јужен сосед е иронична, како што е иронична и одлуката што Албанија одлучи да ја затвори границата со Грција (Албанските имигранти во Грција честопати се жртви на дискриминација) – интересно, Атина веќе наредниот ден објави дека ќе ги затвори границите со своите соседи (не само со Албанија, туку и со Македонија и Бугарија) како идејата за затворање да доаѓа Грците, а не од Албанците.

Но, овие рестрикции се најзабележителни во неколку африкански држави, со оглед на тоа што некои од нив сега ограничуваат или забрануваат влез на луѓе од европските држави и од САД, а токму можноста за движење на нивните државјани беше сериозно ограничена поради епидемијата на ебола, пред шест години, која им беа поништувани визите, откажувани летовите и беа ставани во карантин. Сега, мерките се обратни и стравот и сомнежот во државите од субсахарска Африка се насочени кон Европјаните, затоа што најголемиот број случаи на заразени во повеќето земји со регистрирани случаи дојдоа од европските држави, анализира канадскиот „Глоуб енд мејл“.

Уганда го ограничи влезот од земји меѓу кои се Кина, Иран и Јужна Кореја, но исто така и од Германија, Франција, Италија и Шпанија, со цел „да избегне“ увоз на заразени, изјави министерот за здравство, Џејн Рут Асенг.

Демократската Република Конго воведе карантин за секого што доаѓа од Италија, Германија, Франција и Кина. Од друга страна, Руанда врши прегледи при влез на секој што доаѓа од која било држава со потврдени случаи, со задолжителен карантин за сомнителните случаи. Лице кое не покажува симптоми, но доаѓа од земјите со потврдени случаи ќе биде вклучено во база на податоци и ќе биде подложен на електронски надзор и дневен мониторинг во тек на 14 дена.