Свет 25. март 2020. / 12:40

Корона вирусот го распушта британскиот Парламент до 21 април

Корона вирусот го распушта британскиот Парламент до 21 април

Парламентот на Обединетото кралство ќе ја прекине работата до 21 април поради брзото ширење на епидемијата од корона вирусот во државата, соопшти Би-Би-Си.

Се очекува вечерва британските пратеници да донесат мерки против Ковид-19, по што повторно ќе треба да се вратат во Вестминстерската палата на 21 април, кога, пак, ќе треба да се изјаснуваат околу економските мерки за справување со последиците од епидемијата.

На почетокот на неделева премиерот Борис Џонсон на британските граѓани им нареди да останат дома, зашто корона вирусот веќе одзеде 424 животи во целата држава, додека над 8.000 лица се позитивни на тестовите.