Свет 17. март 2020. / 13:55

Корона вирусот ги зголеми нарачките-Амазон ќе ангажира нови 100.000 работници

Корона вирусот ги зголеми нарачките-Амазон ќе ангажира нови 100.000 работници

Амазон објави дека во САД ќе ангажира нови 100.000 магацински работници и превозници за да се спави со енормниот пораст на онлајн порачките, откако огромен број потрошувачи останаа дома поради корона вирусот и почнаа да пазарат преку мрежата, јавуваат агенциите.

Исто како Амазон, и американските ланци од маркети се обидуваат на обезбедат персонал и да ги исполнуваат порачките преку интернет.

Главна оријентација се луѓето, кои поради корона вирусот останале без работа од угостителскиот и туристичкиот сектор. За да ги привлече нововработените, водечката компанија за онлајн трговија до крајот на април ќе ја зголеми минималната сатнина за два долари -од 15 на 17. Покачување на сатнината ќе добијат и вработените во Европа. Ова ќе ја чини компанијата 350 милиони долари.

Амазон е вториот по големина американски работодавач со скоро 800.000 вработени.