Свет 06. јуни 2018. / 17:45

Копал во бавча, па пронашол човечки череп: Шок е што жената му кажала чиј е

Копал во бавча, па пронашол човечки череп: Шок е што жената му кажала чиј е

Еден Русин (60) од селото Лузано во околината на Омск во бавча пронашол човечки остатоци, а кога ја прашал сопругата за што се работи, следувал поголем шок.

Имено, сопругата признала дека во бавчата го закопала телото на својот прв маж, кого го убила!

Истражните органи во Омскиот округ покренаа кривична истрага против жената, која се наоѓа во куќен притвор.

Таа на својот сегашен сопруг му признала дека при кавга во 1997 година со секира го убила тогашниот маж.

На соседите им рекла дека заминал на работа, и никогаш не се вратил, а никој и не го барал.

Моментално истражителите ги утврдуваат сите околности од тоа злосторство.