Свет 05. јуни 2018. / 21:08

Конте вети радикални промени во Италија

Конте вети радикални промени во Италија

Новиот италијански премиер Џузепе Конте, при денешното обраќање пред Сенатот, вети радикални промени во земјата.

– Вистина е дека создадовме радикална промена и горди сме на тоа, рече Конте пред Сенатот, каде во текот на денот ќе се гласа за доверба на неговата влада. Долниот дом на Парламентот ќе гласа утре.

– Ако популизам значи дека владејачката класа ги слуша потребите на луѓето, ако антисистемско работење значи воведување на нов систем кој ги отстранува старите привилегии и инкриминирани овластувања, (Пет ѕвезди и Лига) ја заслужуваат таа етикета, рече Конте.

Конте, исто така, изјави дека е уверен во „преговарачката моќ” на земјата, во момент кога Италија се соочува со потенцијално тензични судири со Брисел околу економската политика за да го испорача она што тој го нарече „посилна и порамноправна” Европа.

– Ние сме оптимисти во врска со резултатите и уверени сме во нашата преговарачка моќ бидејќи се соочуваме со ситуација во која италијанските интереси се совпаѓаат со општите интереси на Европа во оваа фаза на европската иградба, а со цел да се избегне нејзино распаѓање, вели Конте.

Тој уште најави дека Италија ќе остане во НАТО, но ќе побара „отворање” кон Москва. Италијанскиот премиер оцени дека дека Русија „ја консолидирала својата меѓународна позиција во различни геополитички кризи“.

По речиси три месеци преговори, Движењето 5 ѕвезди и „Лига“ постигнаа компромис со претседателот Серџо Матарела кој побара гаранции дека Италија ќе остане во еврозоната.