Свет 20. декември 2018. / 10:17

Конте: Нема да поднесам оставка во корист на Салвини

Конте: Нема да поднесам оставка во корист на Салвини

Италијнскиот премиер Џузепе Конте рече дека не е подготвен да поднесе оставка во корист на својот заменик Матео Салвини, кога во мај ќе пројдат изборите за Европскиот парламент.

Конте за италијанскиот весник „Кориера дела сера“, вели дека не е подготвен да ја предаде палката, пренесе Ројтерс.

– Оваа влада е израз на реформскиот проект кој бара целосна должина на мандатот – рекол Конте.