Свет 20. јануари 2021. / 09:55

Конте доби доверба од Сенатот на Италија

Конте доби доверба од Сенатот на Италија

На италијанскиот премиер Џузепе Конте синоќа му беше изгласана доверба во Горниот дом на италијанскиот Парламент.

Тоа ќе и овозможи на Владата на Конте да остане на власт, иако една од партиите во владејачката коалиција се повлече минатата недела.

Од сенаторите – 156 беа „за“ доверба на Владата на Конте и 140 гласа „против“, додека 16 беа „воздржани“.