Свет 10. март 2021. / 22:51

Конгресот го усвои планот на Бајден за сузбивање на коронавирусот

Конгресот го усвои планот на Бајден за сузбивање на коронавирусот

Белата куќа објави дека американскиот Конгрес го усвои планот на претседателот Џо Бајден – историскиот пакет закони за сузбување на епидемијата од кроронавирус.

Пакетот закони ќе пружат директно олеснување за граѓаните на САД и ќе ја придвижат економијата.

Предлогот за нова помош за загрозените од пандемијата е вреден 1.9 милијарди долари, кој претходно беше усвоен во Сенатот.

Предлог-законот го подржаа 220 членови на претставничкото тело под контрола на демократите, додека 211 беа против, јави Гласот на Америка.

Исходот од гласањето во Претсавничкиот дом на Конгресот му овозможи на претседателот Бајден, кој ја предложи новата економска помош, да го потпише законот подоцна оваа недела.

Претходно Сентатот, контролиран од демократите, ја усвои својата верзија на законскиот предлог по маратонска седница во саботата.

Горниот дом на Конгресот изостави или измени некои одредби од првобитниот предлог усвоен во Претставничкиот дом, вклучително и зголемување на минималните цени за работа на федерално ниво, на 15 долари на час.