Свет 23. мај 2020. / 10:52

Конгресмен од Тексас избран за нов шеф на американското разузнавање

Конгресмен од Тексас избран за нов шеф на американското разузнавање

Kонгресменот од Тексас, Џон Рeтклиф, е потврден од Сенатот за прв човек на националното разузнавање на САД.

Сепак, гласањето беше поделено по партиска линија, 49 сенатори гласаа „за“, а 44 „против“. Мнозинството во Сенатот го држат републиканците.

Рeтклиф треба да положи заклетва во вторник и да ја преземе функцијата од поранешниот директор Ден Коатс, кој се повлече во август.

За време на распитот за потврдување на функцијата во април, Рeтклиф вети дека ќе му ја презентира на претседателот и креаторите на политика, „фактографската вистина“, независно што тие сакаат да слушнат.

Демократите во Сенатот го критикуваа Рeтклиф и изразија резервираност дали конгресменот од Тексас ќе може да ја остави настрана својата партиска реторика. Една од главните грижи на демократите е како Ратклиф ќе се справи со заканите на ноемвриските претседателски избори.

Клучни официјални лица во сферата на разузнавањето, вклучувајќи го и поранешниот директор за Национално разузнавање Ден Коатс, предупредија неколкупати дека Русија планира да се меша во изборите, како што тоа го стори во 2016 година, јави Гласот на Америка.