Свет 11. септември 2018. / 20:54

Кон САД се приближува ураганот ,,Флоренс” – почна евакуација на населението

Кон САД се приближува ураганот ,,Флоренс” – почна евакуација на населението

Соединетите американски држави го очекуваат пристигнувањето на моќниот ураган „Флоренс“ кој се приближува до источниот брег. Делови од три американски држави се веќе во фаза на евакуација, а милиони Американци се подготвуваат за еден, како што велат познавачите, најкатастрофалните урагани во регионот во иминатите децении.

Директорот на Националниот центар за урагани, Кен Греј, предупреди дека размерот на ураганот „Флоренс” е збунувачка и дека се очекува тој да биде доста моќен.