Производителот на камиони Волво (AB Volvo) се подготвува во својата фабрика Туве, кај Гетеборг, да почне да произведува пластични заштитни маски за медицинските работници кои се борат против корона вирусот.
– Ако се оди според планот, од понеделник дневно можеме да произведуваме по 1.000 маски од типот на визири – изјави портпаролот на Волво Клаес Елиасон.
Според весникот „Гетеборг постен“, новото производство ќе биде со 3Д печатачи.