Свет 16. јули 2019. / 22:54

Колумбиец сакал да прошверцува кокаин скриен под перика

Колумбиец сакал да прошверцува кокаин скриен под перика

Колумбиски шверцер на дрога бил фатен на аеродромот Барселона-Ел Прат во обид да пренесе килограм кокаин скриен под периката што ја носел на глава.

Под парчето синтетичка коса било најдено единечно пакување кокаин во вредност од 30.000 евра.

Полицијата објави и фотографии на кои се гледа неуспешниот обид на Колумбиецот да ја скрие дрогата.

Инвентивноста за шверцување дрога навистина нема граници, стои во соопштението од полицијата.

Средовечниот маж не беше идентификуван и на објавените фотографии има црна лента преку очите на уапсениот.

Шпанската полиција заплени над 100 килограми кокаин на аеродромот Барселона-Ел Прат во текот на 2018 година.

Колумбиецот бил фатен во почетокот на јуни годинава.