Свет 19. декември 2020. / 14:30

Колони долги и по 20 километри за излез од Австрија

Колони долги и по 20 километри за излез од Австрија

Пред австрискиот граничен премин Никелсдорф, кон Унгарија, во 11 часот колоната автомобили што чекаат да ја преминат границата е долга од 20 километри.

На тој премин сега чекаат повеќе од четири часа за да влезат во Унгарија, јавува дописникот на Танјуг од Австрија.

Австриските власти преку радио апелираат до патниците да не се обидуваат да преминуваат други гранични премини, бидејќи тие, поради епидемиолошки мерки, се отворени само за унгарски граѓани.

Пред граничниот премин Субен, од правец на Германија, колоната автомобили што чекаа да влезат во Австрија достигна должина поголема од 10 километри.

На сите премини сообраќајот постојано се зголемува, а зголемена е и фреквенцијата на сообраќај на патиштата што водат кон југот и истокот од Австрија.