Свет 06. јануари 2020. / 21:15

Колку заработуваат вработените во најголемата и најбогата ИТ компанија?

Колку заработуваат вработените во најголемата и најбогата ИТ компанија?

Колку заработуваат вработените во најголемата и најбогата ИТ компанија? Податоците покажуваат дека разликата  во платниот список на “Apple“ се огромни – повеќе од 200 пати помеѓу шеф на компанијата и просечен вработен.

Главниот извршен директор на „Епл“, Тим Кук доби повеќе од 11 милиони американски долари во 2019 година, според портпаролот на компанијата,  на кој се повикуваат медиумите. Основната плата на извршниот директор од 3 милиони американски долари е дополнета со дополнителни  7,7 милиони американски долари, за исполнување на бизнис плановите.

Кук добил и 884.000 американски долари како „дополнителен надомест“ и со тоа неговите приходи изнесуваат  11.555.466 американски долари. Дополнителниот надоместок вклучува плата за одмор од 92.000 американски долари, 457.000 американски долари обезбедување и 315.000 американски долари приватен авион.

Лидерот на „Епл“ доби 4 милиони долари помалку од претходната година, кога заработи повеќе од 15 милиони долари. Сепак, треба да се има предвид дека надоместокот на Тим Кук не ја вклучува заработката од акциите што ги продал минатата година. Станува збор за над 113 милиони долари.

Повеќето други директори на Apple добиваат основна плата од околу 1 милион долари годишно, како и акции и бонуси од 20-25 милиони долари.

Во исто време, просечната плата на „Епл“ минатата година беше 57.596 американски долари.  Излегува дека Тим Кук заработува 201 пати повеќе од просечниот вработен во компанијата.