Свет 08. јануари 2020. / 19:57

Кој е најмоќен пасош во светот и на кое место е рангиран македонскиот?

Кој е најмоќен пасош во светот и на кое место е рангиран македонскиот?

Најмоќниот пасош на светот е јапонскиот, чии сопственици можат да патуваат во 191 земја без виза, додека од регионот најдобро котиран е пасошот на Хрватска на 20-то место на листата.

Македонскиот пасош се најде на 47-мото место на листата „најмоќни пасоши“ рангирани од Henleypassportindex. Ова е одреден пад за разлика од минатата година кога македонскиот пасош беше на 45. место на листата.

На првото место се најде пасошот на Јапонија, потоа следуват на Сингапур, Јужна Кореја, Германија, Италија, Финска, Шпанија, Луксембург, Финска… На последното место е пасошот на Авганистан, а пред нив следуваат на Ирак, Сирија, Сомалија и Пакистан.

Овој ранкинг е според тоа во колку земји може да се патува без визи. Со македонскиот пасош може да се оди во 123 земји без виза.