Со големата воена парада која што денес се одржува на Црвениот плоштад во Москва беше одбележан Денот на победата над Нацистичка Германија.
За време на церемонијата, сите очи беа вперени во најмодерното руско оружје кое што продефилира на Црвениот плоштад во руската престолнина, но и во првиот човек на државата – Владимир Путин.
Камерите забележаа дека зад рускиот претседател секогаш оди „мистериозен“ човек кој со себе носи актовка.
Според руските медиуми, истиот човек е забележан во придружба на Путин за време на многу патувања, а тој наводно ја носи актовката со кодовите за лансирање на руските нуклеарни ракети во случај рускиот претседател да треба да реагира и да ја одбрани државата.
Путин во своја близина секогаш мора да ја има актовката наречена „чегет“, затоа што преку лаптопот сместен во неа, за кратко време може да нареди нуклеарен напад доколку има потреба од тоа.