Свет 20. јуни 2019. / 17:38

Кои европски држави ќе профитираат од трговската војна помеѓу САД и Кина

Кои европски држави ќе профитираат од трговската војна помеѓу САД и Кина

Франција и Германија се едни од ретките европски земји кои би можеле да профитираат од ескалацијата на трговската војна помеѓу САД и Кина, предупредуваат економистите од Barclays.

Американскиот секретар за трговија, Вилбур Рос, повторил во понеделникот дека претседателот Доналд Трамп е подготвен да воведе нови царини на останатиот 300 милијарди кинески увоз ако не дојде до трговски договор.

Меѓутоа, Кристијан Келер, шеф на економските истражувања во Barclays, во неговата анализа наведува, како дополнителните американски наметнувања би можеле да доведат до замена во меѓународна трговија, и поради тоа некои од европските земји би можеле да го заменат САД, пишува CNBC.

Франција, Германија, но и Велика Британија имаат најголеми шанси да станат нови сојузници на Кина и целосно да го заменат САД – истакнува Келер.