Американката Грејс Фуско (73) од Њу Џерси, починала вчера од корона вирус, несвесна за тоа дека нејзините две деца се заразени.
Нејзиниот најстар син и ќерката починале непосредно пред неа, а, според еден од роднините, уште четири нејзини деца се позитивни на вирусот Ковид-19. Тројца од нив се во критична состојба, јавува Си-Ен-Ен.
Се чини дека се заразиле на семејната вечера овој месец, а како што пренесува „Тајмс“, на овој собир присуствувал и првиот човек што починал од корона вирусот во САД.
Најстарата ќерка на Грејс Фуско, Рита Фуско-Џексон (55), починала во петокот, а набргу потоа семејството дознало дека има корона вирус. Нејзиниот син Кармин Фуско починал вчера, непосредно пред неговата мајка.
Скоро 20 нивни роднини се ставени во карантин во нивните домови.
Досега скоро 150 луѓе се починати од корона вирус во САД, а бројот на пациенти се зголемува секојдневно, поради што се преземаат построги мерки за да се запре ширењето на коронавирусот.
Главни фактори што помагаат во ширењето на пандемијата се луѓето кои немаат никакви симптоми, па затоа лесно го шират вирусот, како и недостигот на масовно тестирање.