Поранешната американска државна секретарка и демократскиот кандидат за претседателските избори, Хилари Клинтон, денеска изјави дека САД минуваат низ еден „вознемирувачки период”.
„Тоа е вознемирувачки период, период на длабоки поделби и затоа треба да се обединиме сите заедно”, рече Клинтон од Мајами, каде што треба да присуствува на митингот кој се организира во пресрет на парламентарните избори.
Хилари Клинтон реагираше по повод неколкуте сомнителни пакети испратени до неа, поранешниот претседател Барак Обама, телевизиската станица Си-Ен-Ен во Њујорк, како и канцелариите на неколку пратеници на Демократската партија, вклучувајќи ги и Дебо Васерман Шулц од Флорида и Камала Харис од Калифорнија.
Инцидентите со сомнителните пакети адресирани со политичари и противници на американскиот претседател се случуваат во пресрет на парламентарните избори закажани за 6 ноември во САД.