Свет 26. февруари 2020. / 15:45

Ќе заработат од корона вирусот: Во Хонг Конг сите полнолетни ќе добијат по 1.300 долари отштета

Ќе заработат од корона вирусот: Во Хонг Конг сите полнолетни ќе добијат по 1.300 долари отштета

Хонгконг ќе потроши речиси 10 милијарди американски долари со цел да им помогне на граѓаните чии финансии се намалени поради ширењето на новиот корона вирус.

Министерот за финансии на Хонгконг, Пол Чан денеска најави дека Владата на сите полнолетни жители на Хонгконг ќе добијат по 10.000 хонгконшки долари (1.280 американски долари).

Социјалните превирања во последните месеци и новата епидемија на коронавирус предизвикаа голем удар врз економијата во Хонгконг – истакна Чан.

Тој додаде дека средствата ќе бидат доделени со цел да се стимулира потрошувачката и да се ублажи финансискиот товар на населението.