Свет 10. март 2020. / 18:43

Ќе се продолжи учебната година за да се надополни изгубената настава?

Ќе се продолжи учебната година за да се надополни изгубената настава?

Во Владата не исклучуваат продолжување на учебната година за да се надополни изгубената настава, но за тоа одлуката ќе ја соопшти деновиве Министерството за образование и наука, пишува мкд.мк.

Според извори од Владата, се разгледуваат сите можности, вклучувајќи и скратени наставни програми, промена на календарот за образование на сите основни и средни училишта, но конечното решение ќе го соопшти министерот Арбр Адеми.

Една од денеска донесените мерки е прекин на наставата во училиштата и на факултетите во наредните 14 дена, како и затворање на градинките низ целата држава.