Кандидатот на демократите Џо Бајден има намера да им се обрати на Американците вечерва, објавија неколку американски медиуми, вклучувајќи ги Фокс Њуз, Си-Ен-Ен и ЦБС.
Сè уште не е познато кој ќе победи на претседателските избори кои се одржаа во вторникот, но се чини дека Бајден е на прагот да влезе во Белата куќа.
Бајден денеска го презеде водството пред актуелниот претседател Доналд Трамп во Пенсилванија и Џорџија.
Бајден досега има освоено 81 процент од гласовите во Филаделфија и е во водство низ целата држава Пенсилванија.
Поранешниот потпретседател треба да се обрати од седиштето во Вилмингтон, Делавер.
77-годишниот Џо Бајден не прогласи победа, но демократскиот спикер на претставниците на Демократскиот дом, Ненси Пелоси, денеска рече дека е „очигледно“ дека Бајден ќе победи, нарекувајќи го „избраниот претседател“.
Од штабот на Трамп сметаат дека ништо не е готово
Изборниот штаб на претседателот Трамп претходно соопшти дека изборите „не се завршени“.
-Изборите не се завршени. Погрешните предвидувања за победата на Џо Бајден се засноваат на резултатите од четири држави кои се далеку од конечни – рече Мет Морган, член на најблискиот тим на претседателот Трамп.
Ниту еден водечки американски медиум се уште не му ја припишува победата на Бајден, кој денеска го презеде водството пред републиканскиот претседател во Пенсилванија, федерална држава што носи 20 гласачи.
Доколку Бајден победи во таа држава, тој ќе има доволно гласови за влез во Белата куќа. Бајден во моментов има 253 гласови во изборниот колеџ во споредба со 214-те гласови на Трамп.