Свет 05. ноември 2020. / 18:53

„Ќе победиме“ – Трамп најави победа на Твитер

„Ќе победиме“ – Трамп најави победа на Твитер

Републиканецот Доналд Трамп денеска најави победа на Твитер.

  • Сите неодамнешни држави кои Бајден ги прогласи за добиени, законски ќе бидат оспорени од наша страна за измама со гласачи и измама на избори. Имаме многу докази – проверете ги медиумите! Ќе победиме! Америка прва! – напиша Трамп на Твитер.

Моментално не се знае победникот на овие избори. Оваа трка е неизвесна како што беше и предвидено. Доколку Трамп во наредните неколку часови успее и официјално да победи во Северна Каролина, Пенсилванија и Џорџија, Невада ќе биде онаа која ќе го одлучи победникот.