Свет 01. март 2020. / 16:50

Кинез осуден на смрт поради убиство на двајца контролори што сакале да го проверат за корона вирус

Кинез осуден на смрт поради убиство на двајца контролори што сакале да го проверат за корона вирус

Кинез кој со нож уби две лица кои ги контролирале возилата во врска со епидемијата на корона вирусот „Ковид-19“, е осуден на смрт.

Тоа е еден од ретките инциденти на протест поради ограничувањата на движењето и забраната за пристап до големите градови во Кина, поради што забави растот на кинеската економија.

Ма Џингуо наишол на блокада на патот во округот Хонгхе во провинцијата Јунан на 6 февруари, а неговиот придружник се обидел да ја отстрани пречката од патот. Откако влегле во расправа и физичка пресметка со контролорите, Ма ги прободел со нож, при што им нанел смртни повреди.