Кина не е држава која премногу се држи до човековите права, а со тоа, веројатно, напразно би било да се очекува дека подобро се однесуваат и кон животните. Видео снимка која овие денови се споделува преку друштвените мрежи ја шокираше светската јавност со својата бруталност.
На снимката се гледа како во кинески тематски парк во Чонгкинг заврзана свиња е присилена на скок од 68 метри висока кула. Несреќното животно во слободен пад лета кон земјата, не знаејќи што воопшто и прават.
Од забавниот парк велат дека „финтата“ ја извеле за да ја претстават својата најнова атракција, банџи-скокање кои организаторите го нарекоа „golden pig bungee jump“.
Outrage after Chinese theme park forces pig to bungee jump off a 68-metre high towerhttps://t.co/cAigECGddG
— BBC News (World) (@BBCWorld) January 20, 2020
Суровоста кон животните според кинеските закони не се казнува, а земјата често пати е нотирана заради суровото однесување кон животните. Но, тоа не ги спречува и понатаму да продолжат да организираат фестивали како „Јулин Дог“ на кој кучешкото месо е главна храна.
Луѓето на друштвените мрежи го изразија своето гадење заради инцидентот, осудувајќи го паркот и луѓето на кои такво нешто им паднало на памет.