Кинеските власти признаа за недостатоците и пропустите во одговорот на оваа држава на смртоносната епидемија на корона вирусот. Постојаниот комитет на Политбирото соопшти дека реагирањето на државата во кризни ситуации мора да се подобри.
Во моментов во Кина потврдени се 17 илјади случаи на корона вирус, со 361 смртен случај.
Бројот на смртните случаи во Кина, без Хонк Конг, сега го надминува бројот од 349 колку починаа од епидемијата на САРС во 2002 и 2003 година.
Главната порака на Постојаниот комитет на Политбирото, со кое претседава Си Џипинг, е дека лекциите мора да бидат научени од тоа што го окарактеризираа како „голем тест“ за кинескиот систем.
– Во одговорот на пропустите и недостатоците на кои бевме изложени во реагирањето на епидемијата, мораме да го подобриме нашиот систем на реагирање во кризни ситуации и да ги подобриме нашите способности во опасни и ургентни задачи, соопшти Политбирото.
Една од областите кои треба да се подобрат е вклучување во трговијата со диви животни и зајакнување на надзорот врз пазарите.
Се верува дека пазарот во Вухан е местото на почеток на епидемијата, а истражувачите истакнуваат дека лилјаците се најверојатно изворот на зараза.
Откриено е и дека две официјални лица добиле отказ откако тинејџер со целебрална парализа починал, откако неговиот татко е ставен во карантин под сомнение дека е заразен од корона вирус.