Свет 24. јануари 2020. / 10:31

Кинеските власти ги споделија првите фотографии од смртоносниот коронавирус

Кинеските власти ги споделија првите фотографии од смртоносниот коронавирус

Кинеските власти ги објавија првите микроскопски снимки од смртоносниот корона вирус од кој загинаа најмалку 26 лица, а заразени се околу 830 други во кинескиот град Вухан.

Институтот за макробиологија при кинеската академија на науките ги сподели сликите денеска, бидејќи земјата се справува со невиден досега карантин од над 18 милиони луѓе.

Корона вирусот е тесно поврзан и со респираторниот синдром на Блискиот исток (МЕРс) и со сериозниот акутен респираторен синдром (САРС) и досега е проширен во Виетнам, Тајланд, Јапонија, Сингапур, Јужна Кореја, Тајван, Хонг Конг и САД.

Симптомите кај заразените се движат од обична настинка до тешка инфекција на белите дробови, а мерките за заштита додека не се произведе вакцина се носењето маски на лице, масовна дезинфекција и скрининг на телесната температура кај луѓето.