Научниците во Кина кои го проучуваат потеклото на новата епидемија од корона вирус откриле два главни типови, кои можат да бидат причина за заразата.
Истражувачите од Универзитетот во Пекинг и Институтот „Пастер“ во Шангај истакнаа дека податоците ги добиле со користење на ограничени примероци и дека треба да се направи пообемна студија за да се утврди како започнала епидемијата.
Прелиминарната студија покажала дека од анализираните примероци, поагресивниот тип на нов корона вирус има 70 проценти удел во епидемијата во Вухан, а 30 проценти доаѓаат од послабиот вид вирус, пренесува „Ројтерс“.
Падот на бројот на заразени од поагресивниот вид вирус започнала кон крајот на јануари 2020 година, а бројот на заразени во Кина се намали и по строгата контрола на слободното движење на населението низ земјата.
„Овие податоци укажуваат на итна потреба за понатамошни студии, компаративни студии во кои се споредуваат епидемиолошки и геномски податоци, како и клинички симптоми на пациенти со корона вирус“, заклучуваат кинеските научници.