Свет 02. април 2020. / 09:30

Кинеските научници откриле антитела кои го „блокираат“ вирусот корона

Кинеските научници откриле антитела кои го „блокираат“ вирусот корона

Тим на кинески научници изолирале неколку антитела за кои велат дека се „исклучително ефикасни“ во блокирање на можноста за нов коронален вирус да влезе во клетки, што би можело да биде значаен чекор во лекувањето и спречувањето на епидемијата на Ковид-19.

Во моментов не постои докажана ефикасна терапија за третман на корорнарна вирусна болест, која за прв пат се појави во Кина минатиот декември и досега зарази над 900.000 луѓе и предизвика над 40.000 смртни случаи.

Жанг Линки од универзитетот Цингуа во Пекинг рече дека лекот базиран на антитела, како оние што неговиот тим ги изолирал, може да биде поефикасен од постојните пристапи за третман, вклучувајќи ги и третманите што тој ги нарече „гранична линија“, како оној со плазма. Според него, плазмата содржи антитела, но е ограничена со крвната група.

На почетокот на јануари, тимот наЖанг и група експерти од болницата во Шенжен започнаа со анализирање на антитела во крвта земени од оздравени пациенти од вирусот, изолирајќи 206 моноклонални антитела што покажале, како што тој ги опиша, како „силна“ способност за врзување на овој вирус.

Потоа, направен е уште еден тест за да видат дали тие навистина можат да го спречат вирусот да влегува во клетките. Меѓу првите 20 тестирани антитела, четири биле во можност да го блокираат влезот на вирусот, а две се покажале како „исклучително добри“ во тоа, изјави Жанг.

Тимот сега е фокусиран да открие кои антитела се најмоќни и да ги комбинира за да го намали ризикот од мутација на нов коронарен вирус.

Ако се оди добро, овој експериментален „лек“ прво ќе се тестира на животни, а потоа и на луѓе.