Свет 22. мај 2019. / 17:56

Кинеските компании бараат милиони од Боинг

Кинеските компании бараат милиони од Боинг

Ер Чајна и Чајна Саутерн Ерлајнс се придружија кон бројните кинески компании што бараат обесштетување од американската компанија Боинг поради приземјувањето на нивните авиони.

Кинеските авиокомпании први ги приземјиа своите авиони по несреќата на Боинг 737 макс во Етиопија каде што загинаа 350 патници и членови на екипажот.

Кинеските компании се приклучија кон барањето на норвешкиот авиопревозник, кој уште во март побара Боинг да ги покрие трошоците поради нивните приземјени авиони, кои имаат проблем со софтверот.

Кинеските авиопревозници побараа што побрзо да се одржи состанок со претставници на американската компанија за да се утврди износот на обештетувањето, што ќе биде во милиони.