Свет 20. декември 2019. / 10:07

Кинескиот претседател предупредува дека Макао и Хонг Конг се внатрешно прашање на Кина

Кинескиот претседател предупредува дека Макао и Хонг Конг се внатрешно прашање на Кина

Кинескиот претседател Си Џинпинг, порача дека решавањето на прашањата на Макао и Хонг Конг, два посебни административни региони, е целосно внатрешна работа на Кина, нагласувајќи дека Пекинг нема да дозволи странски сили да се мешаат во внатрешните работи на неговата земја.Н

На церемонијата по повод 20-годишнината од враќањето на Макао во Кина, Си истакна дека кинеската Влада и народот имаат силна волја да го заштитат својот национален суверенитет, безбедноста и развојните интереси.

Кинескиот претседател посочи дека во текот на изминатите 30 години, успехот на принципот „една земја, два система“ е широко признат, но дека мора постојано да се подобрува во пракса, пренесува Меѓународното кинеско радио (ЦРИ).

Си изрази уверување дека Кинезите, вклучително и сонародниците од Хонг Конг и Макао, се мудри и способни за уште подобро развивање на принципот „една земја, два система“.

На церемонијата беше именувана и нова влада во Макао, при што новиот гувернер Хо Jaценг и другите членови на владата положија заклетва пред знамињата на Кина и Макао.