Кинеската фармацевтска компанија Синофарм побара одобрување за општа употреба на неговата втора вакцина против ковид-19.
Ова барање е само два месеци по одобрувањето на првата вакцина, а претставникот на компанијата Лиу Џингџен, како што пренесува „Саут чајна морнинг пост“ најавил дека имаат и планови за испитување на трета вакцина.
Втората вакцина ја разви Институтот за биолошки производи во Вухан, кој е филијала на Синофарм. Тој соопшти дека вакцината покажала 72,51 проценти ефикасност, направена на привремени анализи. Компанијата поднела пријава до кинеската Национална управа за медицински производи за одобрување за јавна употреба на вакцината.