Свет 14. јули 2020. / 11:04

Кинески санкции за американската компанија „Локхид Мартин“ поради испорака на оружје на Тајван

Кинески санкции за американската компанија „Локхид Мартин“ поради испорака на оружје на Тајван

Кина ќе воведе санкции врз американската аеро-вселенската компанија за одбрана, „Локхид Мартин“, поради продажбата на оружје на Тајван.

Објавувата на Министерството за надворешни работи на Кина доаѓа откако САД ја одобрија продажбата на ракетите за проектили „Патриот напредна способност-3“ (ПАЦ-3) на Тајван, во вредност од околу 620 милиони долари.

Претходно, Тајван и САД разговараа за продажба на торпедo, за што Кина исто така остро се спротивстави.