Свет 02. октомври 2019. / 12:37

Кинески политичар може да добие смртна казна, бидејќи дома криел 13 тони злато

Кинески политичар може да добие смртна казна, бидејќи дома криел 13 тони злато

Полицијата започна истрага против поранешниот кинески гувернер, Жанг Ки, откако во подрумот на неговата куќа била пронајдена огромна количина злато.

Покрај 13,5 тони злато, полицијата пронашла милиони јуани во готово, антиквитети, но и извештаи за поседување бројни луксузни недвижнини, пренесува РТ повикувајќи се на локални медиуми.

Против него е покрената истрага за евентуални незаконски активности.

Во Кина, политичарите може да бидат осудени на смртна казна поради економски злосторства и корупција, пишува РТ.

&nbsp