Кинески авион со 166 патници принудно слета на аеродромот во Шенжен при што му отпаднале две тркала.
Како што соопшти кинеската администрација на Цивилното воздухопловство, авион на компанијата „Капитал ерлајнс“ полетал од Пекинг, кога екипажот пријавил дефект на еден од моторите на авионот „Ербас А320“. При слетување на авионот му отпаднале две тркала, јави „Ројтерс“.
Во авионот имало 157 патници и 9 членови на екипажот. Пет патници се здобиле со лесни повреди.