Владата на кинеската провинција Хубеј, кој е епицентар на епидемијата на корона вирусот, соопшти дека воведува забрана за движење на моторни возила како би се спречило ширењето на вирусот.
Забраната не вклучува возила на полицијата, Итната помош, возила на одредени јавни установи, како и оние со кои се доставуваат животно важни намирници и производи.
Властите наведуваат дека здравственота состојба на сите жители ќе биде редовно контролирана. Исто така, компаниите не може да продолжат со работа доколку не добија дозвола од Владата.
Според последните податоци, бројот на жртви од корона вирусот е зголемен на 1665, додека бројот на заразени надмина 68 илјади.