Кина не спроведе подземен тест за нуклеарно оружје како што тврди Стејт департментот на Соединетите држави, изјави во четвртокот портпаролот на Министерството за одбрана на Пекинг. Портпаролот истакна дека тврдењата се „невистинити“, додавајќи дека Кина ги почитува меѓународните регулативи за контрола на оружјето.
Портпаролот додаде дека политичарите во САД се обидуваат да ја „стигматизираат“ Кина среде пандемијата на корона вирус за која Пекинг нема да ја прифати вината за тоа. Покрај тоа, Кина рече дека американските обвинувања се „себични“ и „неодговорни“.
Коментарите на Министерството за одбрана доаѓаат откако во извештајот на Стејт департментот се вели дека нема доказ за кинеските нуклеарни активности, но забележани се „околни докази“ кои упатуваат на активности на тестот „Лоп Нур“ во 2019 година.
Тензиите меѓу Кина и САД се зголемуваат во последно време, бидејќи Вашингтон тврдеше дека мрежите од 5Г на Хуавеј ќе бидат користени за шпионажа, како и обвинувањата дека Кина стои зад пандемијата со Ковид-19.