Свет 06. октомври 2018. / 12:43

Кина веќе нема да купува нафта од САД

Кина веќе нема да купува нафта од САД

Вториот најголем потрошувач на американска нафта, Кина, целосно го прекина набавувањето сирова нафта од САД, објави „Ројтерс“.

САД имаа извоз на 334.880 барели нафта во Кина во август и со тоа азиската земја беше најголем купец на американска нафта по Канада.

Прекинот на кинески увоз на нафта од САД доаѓа во време на заострени трговски односи меѓу двете земји. Одлуката на Пекинг да го оневозможи влезот на американската нафта на пазарите дојде како „гром од ведро небо“, со оглед на тоа дека „црното злато“ досега не беше наведено на ниту една листа на стоки што беа на удар на новите американски царини.

Кина најмногу нафта купува од Русија (665.000 барели и ги плаќа во јуани), па од Саудска Арабија и од Иран.

Неизвесно е од каде сега Кина ќе ја набавува нафтата што досега ја добиваше од САД и како ова ќе се одрази на тензиите во трговската војна што само не пукнала.