Свет 12. јануари 2020. / 16:00

Кина: Тргна првиот „паметен“ супер брз воз

Кина: Тргна првиот „паметен“ супер брз воз

Воз без машиновозач , кој патува со брзина од 350 километри, ја потврдува светската доминација на Кина во однос на развој на супер брза железница.

Патувањето од два до два и пол часа помеѓу Пекинг и Јен-Чинг и Чанг тиа Кшу, сега е намалено на 47 минути – откако на нив сообраќа  првиот супер брз воз во светот без машиновозач.  Овие дестинации, како што пишува СНН,  се клучни за домаќините на Зимските олимписки игри во 2022 година.

Кинескиот државен производител на локомотиви и вагони и националниот железнички превозник  веќе четири години работат на развој на овој уникатен воз. Досега се произведени шест вакви возови, а од крајот на минатта година  тие се вклучени во сообраќајот, со останатите 30 супер брзи патеки.

Билетите на „редовен воз“ чинат, во зависност од должината на делот и класата, од 11 до 33 долари, а  во „паметните “ од 12 до 38 долари.

„Паметниот воз“, според своето име, им дозволува на патниците да користат 5G сигнали на сите вагони, „интелигентно осветлување“ и 2.718 сензори кои собираат податоци за патување во реално време и откриваат какви било можни абнормалности додека  се возите. Секое седиште е опремено со контролен панел на екран на допир и безжичен приклучок за полнење на мобилни телефони и други електронски уреди. Внатрешноста е веќе прилагодена на Зимските олимписки игри, на потребите на спортистите и новинарите.

Иако овие возови немаат машиновозачи  (бидејќи сите сообраќајни операции се изведуваат автоматски), машините ги контролираат  експерти за железница. Технологијата за препознавање лице се користи за контрола на влезот на лентата и роботите за контрола на багажот.

Воведувањето таков воз во сообраќајот го потврдува приоритетот на Кина во однос на развојот на железницата во светот. Земјата сега има модерна мрежа од 35.000 километри железничка пруга, која го управува најбрзиот воз на светот – Шангај Маглев со брзина од 431 километар на час.