Свет 15. мај 2020. / 19:04

Кина точно еден месец нема пријавено починат од Ковид-19

Кина точно еден месец нема пријавено починат од Ковид-19

Точно еден месец во Кина нема пријавено смртен случај од новиот корона вирус. Изненадувачки е и тоа што во земјата со најголемата национална популација во светот, изнесува повеќе од 1.4 милијарди, регистрира под 100 хоспитализирани пациенти.

Национална здравствена комисија објави денеска за четири нови случаи на корона вирус, сите локално, на североисток во провинција каде неодамна беше откриен кластер со непознато потекло.

Последниот ден кога комисијата има регистрирано смрт од Ковид-19 беше на 14 април.