Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Кина извршила хакерски напад врз електронската пошта на претседателскиот кандидат на демократите Хилари Клинтон во 2016 година не претставува ништо ново.
Кина е лидер во сајбер-безбедносниот сегмент и се спротивставува на сите форми на хакерски напади, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Хуа Чунинг на редовната прес-конференција за новинарите.