Свет 09. декември 2018. / 18:35

Кина: САД да го повлечат барањето за приведување на финансиската директорка на „Хуавеи“

Кина: САД да го повлечат барањето за приведување на финансиската директорка на „Хуавеи“

Кинеското МНР го повика денеска американскиот амбасадор за да изрази „силен протест“ против апсењето во Канада на финансиската директорка на Хуавеи технолоџис, и наведуваат дека САД треба да го повлечат барањето за апсење.

Менг Ванжу, главна финансиска директорка на компанијата, беше уапсена во Kанада на 1 декември. Се очекува нејзина екстрадиција во САД каде тврдат дека прикрила врски на компанијата со фирма што се обидела да продава техника на Иран и покрај санкциите.

Таа е ќерка на основачот на Хуавеи.

Кинескиот заменик министер за надворешни работи нагласи дека на амбасадорот на САД Тери Бранстад му е укажано дека неговата држава испратила неприфатливо барање до Канада да ја приведат Мeнг додека таа минувала преку Ванкувер, соопшти МНР на Кина.

– Акциите на САД сериозно ги нарушуваат законите и правата на кинеската државјанка и се исклучително спротивни, му кажал Ли на Бранстад.