Кинескиот премиер Ли Кечијанг нареди истрага против производителот на вакцини против беснило во земјата, откако граѓаните жестоко реагираа дека ги кршел прописите. Компанијата е обвинета за фалсификување на евиденцијата во процесот на производство и контрола, а скандалот изби во период кога кинеските лидери се борат да ја вратат довербата кај граѓаните во безбедносните процедури по смртните случаи од лажни и неисправни лекови, млеко и храна.
Кечијанг вети одлучна пресметка со оние кои што ги кршат процедурите и ја загрозуваат јавната безбедност. Засега нема извештаи дека вакцините против беснило имаат негативни ефекти на здравјето, но објавата за кршењето на процедурите предизвика лавина реакции и незадоволство на интернет.
Надлежните органи минатата недела и наложија на компанијата Чанченг Лајф Сајенсис да го запрат производството на вакцини против беснило.