Свет 02. март 2020. / 10:05

Кина произведува над 110 милиони заштитни маски на ден поради Ковид-19

Кина произведува над 110 милиони заштитни маски на ден поради Ковид-19

Во моментов во Кина се произведуваат 116 милиони медицински и други заштитни маски на ден.

За еден месец, производството е зголемено за 12 пати, соопшти Државната комисија за развој и реформи.

Поради ширењето на болеста предизвикана од новиот корона вирус, носењето маски е задолжително во повеќето делови на Кина. Властите соопштија дека успеале да го надминат недостигот на тој производ во тековниот период на епидемија. Се проценува дека во просек се потребни две маски на ден по лице во реони каде е регистрирано високо и средно ниво на заболени од Ковид-19.

Медицински лица, воени лица, полициски службеници и општински и владини службеници, добиваат маски бесплатно.