Кинеската здравствена администрација соопшти дека повторното појавување на локални жаришта на корона вирусот во последниве денови ја наметнува потребата продолжување на мерките против епидемијата.
Иако напорите за спречување и контрола на корона вирусот се нормализирани, тоа не значи дека може да дојде до олабавување на мерките – изјави Ми Фенг, портпарол на Националната комисија за здравство.
Кинескиот град Вухан вчера го пријави првиот случај на заразен со корона вирус откако градот беше отворен пред еден месец.