Свет 06. мај 2020. / 11:07

Кина подготвена да соработува со СЗО за потеклото на Ковид-19

Кина подготвена да соработува со СЗО за потеклото на Ковид-19

Кина е подготвена да соработува со Светската здравствена организација (СЗО) за истражување на причината за корона вирусот, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи во средата.

Сепак, земјата ги критикуваше САД затоа што ја посочија Кина дека е виновна за пандемијата со Ковид-19.

Претходно, претседателот на Соединетите држави, Доналд Трамп, тврдеше дека видел докази дека корона вирусот потекнува од лабораторија во Вухан, Кина, каде за прв пат е откриена епидемијата.

Во меѓувреме, СЗО соопшти дека никогаш не го добил наводниот доказ од САД, но додаде дека би сакал да учествува во истрагата за потеклото на вирусот.