Кина одобри почетна фаза на тестирање на луѓе за две експериментални вакцини против корона вирусот од кој во светот починаа повеќе од 100.000.
На развојот на вакцината работи кинеската подружница на „Синовак Биотек“ (Sinovac Biotech) и Институтот за биолошки производи во Вухан, подружница на кинеската државна фармацевтска групација.
Кина во март доби зелено светло за второто клиничко тестирање на кандидати за вакцина против корона вирусот, која ја развија кинеската воена академија за медицински науки и фирмата за биотехнологија „CanSino Bio“, набргу откако американскиот производител на лекови „Modernа“ соопшти дека почнал со тестирање на вакцина врз луѓе заедно со американските национални институти за здравје.