Свет,Занимливости 22. март 2018. / 00:00

Кина по примерот на Македонија: Пекинг лансира волонтерска кампања за пошумување

Кина по примерот на Македонија: Пекинг лансира волонтерска кампања за пошумување

Официален Пекинг лансира голема кампања за пошумување на самата Пекиншка област.

Од Пекиншките „Паркови и Зеленила“ јавуваат дека нивниот таргет за 2018 е садење на 1 милион стебла и превентивна грижа за уште 11 милиони веќе постоечки.

Површина од 106 хектари е поделена на 20 локации за пошумување во градот – изјави официјално лице.

Исто така општината одредеи 22 локации на вкупна површина од 1,066 хектари каде волонтерите ќе се грижат за постоечкиот асортиман зеленило како и шумските масиви во околните предградија и приградските населби.

Лансирана е и акција за „посвојување“ на 700 000 млади и 745 стари стебла како и 2.2 милиони метри квадратни зелен простор.

Истражувањата покажаа дека во 2017 жителите на Пекинг по пат на волонтирање засадиле повеќе од 200 милиони стебла.