Свет 26. декември 2018. / 11:59

Кина планира да ги укине казните за проституција

Кина планира да ги укине казните за проституција

Кинеските власти планираат да ги укинат казните за проституција, како и за оние што ги користат овие услуги, објави „Чајна дејли“.

Весникот се повикува на извештај подготвен од страна на Комисијата за правни прашања кон Постојаниот комитет на Сенародното кинеско собрание на народните претставници, чија редовна сесија се одржува во главниот град на НР Кина.

Според документот, надлежните државни органи во најскоро време треба да подготват програма за трансформации, која ќе ги поднесе потребните промени во националното законодавство.

– Постојните правила се спротивни на уставот, кој мора да обезбеди заштита на човековите права. Новиот закон ќе го реши овој проблем – рече заменик-претседателот на Кинеската асоцијација на правници, Жу Женгфу.

Се очекува соодветни корекции да бидат одобрени оваа сабота на затворената седница на КП КС, која се одржува двапати месечно во Кина. Според постојните закони усвоени во 1990 година, проституцијата и користењето на овие услуги наметнуваат казна затвор од 6 месеци до 2 години. Покрај тоа, од оние што се вклучени во овој вид криминал се бара да посетуваат курс за преквалификација.